Американските власти воведоа санкци за иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф во момент на се посилни тензии меѓу двете држави.

Министерството за финансии на САД соопшти дека санкции се воведени заради тоа што Зариф дејствувал во име на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Санкциите предвидуваат блокирање негов евентуален имот или интереси во САД. Зариф нагласи во порака на Твитер дека не поседува имот вон државата.

Американската страна ќе разгледува дали да му даде виза на Зариф за патување до ОН конкретно за секој случај оставајќи отворена можност тој да присуствува на годишната сесија на Генералнтоо собрание на ОН во септември во Њујорк.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2019 11:30