Процесот на претседателските избори во Авганистан започна во сенка на странските воздушни напади и терористичките напади организирани од Талибанците.

Авганистанските граѓани ќе излезат на гласање на 28 септември за 4. претседателски избори, откако Талибанците испаднаа од Владата во 2001 година.

Според писмената изјава на Изборната комисија во земјата, 18 кандидати ќе се натпреваруваат да станат претседател на земјата. Изборната пропаганда ќе трае 60 дена.

Meѓу претседателските кандидати се наоѓаат претседателот Ешреф Гани и премиерот Абдулах Абдулах. Другите амбициозни кандидати се лидерот на Хизб-и Ислами и поранешен премиер на Авганистан, Гулбедин Хикметар, поранешниот советник за национална безбедност, Мухамед Ханиф Етмер, и Рахметула Небил.

И покрај тоа што некои кандидати се загрижени дека Гани ќе ги искористи можностите како актуелен претседател, поддржувачите на Гани велат дека ќе се натпреваруваат во изборната кампања во рамките на границите утврдени со законот.

– Безбедносното прашање за време на изборите

Додека претседателските кандидати се подготвуваат за изборите, скоро половина од 34-те провинции во земјата, особено главниот град Кабул, се подложени на нападите од Талибанците и на терористички настани и воздушни напади од страна на авганистанските и странските сили.

Талибанската организација, која се противи на изборите, од една страна во Катар води мировни разговори со САД, а од друга страна изјавува дека ќе ги прошири своите напади во различни градови. Се поставува и прашањето како кандидатите за време на изборниот процес ќе преговараат со Талибанците.

– Изборен буџет од 149 милиони долари

Се очекува да гласаат 9 милиони 678 илјади 283 избирачи, а изборниот буџет изнесува 149 милиони долари. Администрацијата на Кабул ќе одвои 90 милиони долари, тоа значи 60 отсто од буџетот, 59 милиони долари ќе обезбедат меѓународните организации, додека Соединетите Држави се обврзаа да обезбедат 29 милиони долари.

Во соопштението на авганистанската Изборна комисија се објавува дека горниот лимит на трошење за изборната пропаганда за секој кандидат изнесувал 442 милиони афгани (околу 5 милиони долари). Трошењето повеќе од оваа бројка ќе се смета како кршење на законот.

На последните избори, оваа бројка беше 10 милиони афгани (околу 125 илјади долари). На овие избори износот доделен на секој кандидат се зголеми за 40 пати. Во земјата, кандидатите сами ги покриваат сите трошоци за изборната пропаганда. Се очекува трошоците за време на изборите да придонесат да се раздвижи пазарот.

– Загриженост за безбедноста на изборите

Низ целата земја ќе се гласа на вкупно 7.383 избирачки места. Авганистанската држава соопшти дека ќе ја обезбеди безбедноста на избирачките места.

Се проценува дека на околу 2000 изборни места не ќе може да се гласа поради заканата од вооружени структури, како што е талибанската организација.

Според изјавата на Министерството за одбрана на Авганистан, безбедноста на избирачките места во целата земја ќе ја обезбедуваат 50 илјади полицајци.

Претседателските избори во Авганистан во 2014 година ги одбележаа неправилности. Таа ситуација придонесе да се формира Владата на национално единство. Исто така и минатогодишните избори беа засенети од техничките проблеми. Резултатите од изборите беа објавени по 7 месеци.

И покрај притисоците на Талибанците, учеството на гласачите на изборите ќе биде многу важно за одредување на судбината на земјата. Меѓународната помош за буџетот за изборите во Авганистан треба да се обезбеди најдоцна до септември.

1 Август 2019 Анадолија – Анкара



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2019 11:38