Колку време ќе треба како држава да го враќаме кредитот од 500 милиони евра, што државата ќе ги земе од три банки за изградба на новиот Клинички центар, министерството за финансии не открива. Велат уште не била завршена проценката.
- Постапката е во тек и во интерес на истата, не би изнесувале дополнителни детали. Кога процесот на еваулација ќе заврши, јавноста на најтранспарентен начин ќе биде известена, велат оттаму за ТВ Алфа.
Вчера власта соопшти дека всушност градењето на новиот нема да почне годинава, како што најави премиерот Зоран Заев, туку догодина, а се очекува да биде готов после 7 години. Ќе се наоѓа на местото викано Веле Поле во населбата Ѓорче Петров. Истовремено надлежните не се откажале целосно од идејата да продадат дел од сегашната парцела, каде што е Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, за да се врати дел од кредитот. Се работи за парцела од околу 200 илјади квадратни метри што може и да надмине пазарна вредност од 100 милиони евра.