Руската морнарица денеска ја почна вежбата „Океански штит 2019“ на Балтичко море, во која учествуваат околу 70 борбени бродови и бродови за поддршка и 58 авиони на руската морнарица и воздухопловните сили.

Вежбата, во која учествуваат 10.634 припадници на руската војска, ќе трае до 9 август и се изведува под команда на командантот на Воено-поморската флота, адмирал Николај Јевренов.

Морнарицата се состои главно од воени бродови кои учествуваа на Парадата на морнарицата во Санкт Петербург.

– Целта на вежбата е да се тестира подготвеноста на морнарицата да ги брани националните интереси на Русија, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2019 14:44