Албански државјанин со живеалиште во Германија е приведен од италијанските власти откако при контрола на неговото возило биле пронајдени 10 килограми чист кокаин вреден над милион евра.

Дрогата била пакувана во 9 пакетчиња и скриена на две специјално изработени места во неговото возило.

Албанецот бил запрен од финансиската полиција во Верона. Тој им рекол дека патува на годишен одмор, но со себе не носел багаж што дополнително со нервозата што ја покажувал, биле причина за детална контрола на возилото.

Iталијанската полиција вчера разби албанска нарко група, која шверцувала кокаин од Холандија во Италија. Во акцијата беа уапсени најмалку 17 лица и запленети околу 200 килограми кокаин и оружје.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2019 12:46