Вашингтон сака брзо да распореди нови ракети во Азија, ако е возможно во следните месеци, со цел САД да се спротивстават на јакнењето на Кина, најави денеска новиот шеф на Пентагон, Марк Еспер.

– Да, би сакал тоа да го направам, изјави американскиот секретар за одбрана запрашан за можноста САД да распореди ново конвенционално оружје со среден дострел во Азија откако е суспендиран Договорот ИНФ со Русија.

Еспер во авион на пат за Сиднеј, првата станица од неговата еднонеделна турнеја по Азија, наведе дека САД би сакале да распоредат ракети што е можно побрзо односно дека тоа би се случило за неколку месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2019 13:53