Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, навести дека купувањето на Хари Мегваер од Лестер нема да биде последната зделка на „црвените ѓаволи“ за време на летниот преоден рок. Норвежанецот се надева дека клубот ќе успее да договори уште „еден до двајца играчи“.

Вчера, англиските медиуми објавија дека 26-годишниот Мегваер веќе е договорен за рекорден трансфер од 85 милиони фунти. Останува само англискиот репрезентативец да помине лекарски преглед и официјално да го потпише неговиот договор.

– Се надеваме дека ќе направиме уште една или две други зделки. Ние работиме на овие случаи веќе подолго време и може да има ненадеен напредок и покрај сегашното доцнење. Како клуб, ние имаме нашите цели, но како тренер и менаџер, кога ќе излезеш на терен, треба да работиш со тоа што го имаш. Немаш право да мислиш на работи како „што ако тој дојде“ или „што ако тој биде продаден“, вели Солскјер за „ПА“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2019 14:20