Иранската револуционерна гарда задржа странски танкер со 700.000 литри нафта и седум членови на екипажот, јави иранската државна телевизија, наведувајќи дека бродот криумчарел нафта за арапските држави.

– Поморските сили на Иранската револуционерна гарда запленија странски нафтен танкер во Персиски Залив, кој криумчареше нафта за некои арапски земји, изјави припадникот на Гардата, Рамезан Зирахи.

Тој додаде дека членовите на екипажот се од различна националности и оти сите се приведени, но не наведе под кое знаме пловел танкерот.

Иран минатиот месец заплени британски танкер во Ормутски Теснец со образложение дека ги прекршил поморските прописи, а потоа запре друг брод, но го ослободи по предупредувањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2019 13:07