Иранската полуофицијална новинска агенција Мехр јави дека се урна еден воен авион во Тангестан поради технички проблеми.

Двајцата пилоти успеале да се катапултираат и се во добра здраствена состојба.

– Авионот се урна поради технички проблеми на подрачјето Тангестан, пилотот и копилотот се добро, изјави гувернерот на Тангестан, Абдолхосеин Рафипур.

Тангестан е округ во јужната иранска провинција Бушер.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2019 13:35