Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, Министерството за надворешни работи и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас изразија сочувство за вооружените нападите во САД и поддршка за американскиот народ и американската администрација, jави дописничката на МИА од Атина.

– Генералниот секретар на претседателот на државата, Георгиос Гениматас, денеска стапи во контакти со амбасадорот на САД, Џефри Пајат за да изрази згрозеност, длабоко жалење и сочувство на претседателот на државата Прокопис Павлопулос до претседателот Доналд Трамп, американскиот народ и до семејствата на жртвите за крвавите напади во Ел Пасо во Тексас и Дејтон во Охајо, соопшти кабинетот на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

– Длабоко сме шокирани од страшните масовни напади во Ел Пасо, Тексас и во Дејтон, Охајо. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства. Изразуваме искрено сочувство и целосна солидарност за народот и владата на САД, напишаа од грчкото МНР на нивниот официјален Твитер профил.

Преку Твитер, сочувство изрази и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, а амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат им се заблагодари за сочувствата и од шефот на грчката дипломатија и од грчкото МНР.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2019 16:43