Руската опозиција соопшти дека планира да организира следниот викенд нови собири низ земјата, иако полицијата во саботата уапси повеќе илјади луѓе кои се собраа на протест, забранет од властите.

Властите соопштија дека ќе дозволат протести во Москва следниот викенд на локација која е оддалечена од центарот на градот, но опозицијата тоа претходно не го прифати.

Независната група за мониторинг ОВД соопшти дека полицијата уапсила 1.001 лице, што е повеќе од претходните проценки во кои се споменувале 800 луѓе. Голем број од уапсените подоцна се ослободени, но 19 се задржани во притвор.

ОВД наведува дека на уапсените им биле одземени телефоните и не им било дозволено да стапат во контакт со адвокат.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 10:50