Деветнаесет лица загинаа, а 30 други се повредени во експлозија во близина на медицински центар во египетската престолнина Каиро, соопшти утринава Министерството за здравство, јавува ДПА.
Експлозијата пред Националниот институт за онкологија се случила доцна синоќа, по судир во кој учествувале повеќе автомобили, во јужната област Ал-Маниал, се вели во соопштението на Министерството.
Првично, министерството јави дека во инцидентот загинале 16 лица, а 21 друго е повредено.
Експлозијата, исто така, предизвика и голем пожар, што во меѓувреме бил изгаснат, јавувија државните медиуми.
Министерството за здравство соопшти дека пациентите од Центарот за онкологија се евакуирани во други болници низ Каиро.
Експлозијата ја потресе областа околу реката Нил и ги испокрши прозорците во медицинскиот центар, што го посетуваат пациенти од цел Египет, изјавија сведоци.
На снимки можат да се видат неколку автомобили зафатени со пламен од експлозијата.
Универзитетот во Каиро, во кој институтот е негова членка, ги негираше тврдењата дека експлозијата се случила во рамки на медицинската установа или дека пожарот се проширил во центарот.
-Сите пациенти и вработени во центарот се добро, соопштија од државниот универзитет, пренесе ДПА.
Државниот обвинител на Египет нареди истрага за инцидентот, наведе државната телевизија.