Британците стравуваат дека новите руски подморници „Варџавјанка“ и „Проект 636“, познати како подморница од класата „Кило“, кружат во британските територијални води , а Кралската морнарица не ги гледа и не ги слуша, пренесе денеска лондонски „Телеграф“, повикувајќи се на високи воени извори.

Според дневниот весник, новите руски подморници опремени со тивки дизел мотори, наводно претставуваат закана за британската безбедност заради следење на движењето на британската морнарица, лоцирање на подморските кабли и прислукување на телекомуникациските системи.

Руската амбасада во Лондон повтори дека британските политичари и војска го плашат британскиот народ со наводната руска закана за да добијат зголемување на финансиските средства за одбраната.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 11:31