Тензиите меѓу Индија и Пакистан имаат потенцијал да прераснат во меѓународна криза и сега е вистински момент американскиот претседател Доналд Трамп да посредува, изјави пакистанскиот премиер Имран Кан.

Коментарите на Кан следуваат откако Пакистан ја обвини Индија за користење илегални касетни бомби, од кои загинаа два цивила, а 11 беа повредени во спорната област Кашмир. Индија негираше дека користела такво оружје.

– Претседателот Трамп понуди посредување во Кашмир. Сега е време за тоа, бидејќи таму ситуацијата се влошува и долж линијата за контрола со новите агресивни акции кои ги преземаат индиските окупациски сили, напиша Кан на Твитер.

Тој нагласи дека „тоа има потенцијал да експлодира во регионална криза“.

Индиското Министерство за надворешни работи и Белата куќа се уште не дале коментар на изјавата на Кан.

Трамп минатиот месец изјави пред новинарите дека индискиот премиер Марендра Моди прашал за време на состанокот во Јапонија дали сака да биде посредник во врска со Кашмир, но Индија потоа демантираше дека Моди некогап побарал какво било посредување.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 11:37