Една од најпознатите манекенки на сите времиња, Клаудија Шифер се врати на сцената со интервју и фотосесија за списанието „Вог“.

Некогашниот топ-модел е на прагот од шестата деценија од својот живот и се гордее со тоа. Насловната страница од новиот број од „Вог“ таа ја објави и на Инстаграм, точно 25 години откако првпат се сликала за списанието, во 1994 година.

– Староста треба да се слави и почитува. Имам 48 години, се чувствувам така и се гордеам со тоа. Има причина зошто ги имаме роденденските торти и забави… Јас околу тоа и натаму се чувствувам исто како во детството, изјави германската манекенка.

Клаудија Шифер се сликаше гола


Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 16:39