Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп издаде регулатива за замрзнување на сите средства на владата на Венецуела во САД.

Извршната наредба е потпишана од Трамп и претставува далеку повеќе од санкциите воведени во последните неколку месеци против венецуелската нафтена компанија ПДВСА и финансискиот сектор, но и од мерките против десетици венецуелски функционери.

„Сиот имот и удел во имот на владата на Венецуела сместени во САД се блокирани и не можат да бидат пренесени, платени, изнесени, повлечени или на друг начин расположиви“, се вели во извршната уредба објавена од Белата куќа.

Забраната вклучува и забрана за американски компании и поединци да соработуваат со владата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговите приврзаници.

Вакви санкции САД воведоа против Куба, Северна Кореја, Сирија и Иран.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2019 11:22