Чистејќи го своето поткровје, еден Американец нашол заборавена, неотпакувана видеоигра од 1988 година, и благодарение на неа, заработил 90.000 долари.

Скот Амос од градот Рено, Невада, САД, се пофалил со тоа на интернет, а првично мислел дека видеоиграта чини само неколку стотици долари. Меѓутоа, по извесно време, се јавил некој што подобро го познава сето тоа, со коментар – „Си пронашол богатство“.

Видеоиграта била заборавен божиќен подарок од пред 31 година, неотворен и со заборавена сметка на него. Токму тоа ја докажува автентичноста на играта, а имајќи предвид дека се работи за „НЕС кид икарус“ – ретка игра од минатиот век, што денес ја поседуваат едвај десетина колекционери во светот, нејзината вредност е петцифрена.

Компанијата Вата гејмс ја оценила очуваната состојба на играта со 8/10, што е доста висока оценка.

Видеоиграта е јапонски производ од 1986., што за само една година станала светски хит и што доживеа неколку продолженија. Приказната се темели на старогрчката митологија.

Примерокот викендов беше продаден на аукција за 90.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2019 11:26