По само четири дена примирје сириската војска вчера продолжи со бомбардирања на Идлиб, покраината која со години наназад е во рацете на џихадистите. Бомбардирањата следеа откако војската информира за жртвите од падот на граната во близина на руската база во западниот дел од земјата, јави Ал Џазира.

Поголем дел од покраината Идлиб, на северозапад од земјата, и делови од неговите соседни покраини Алепо, Хама и Латакија, се во рацете на џихадистичката група Хајат Тахир ал Чам (поранешниот огранок на Ал Каеда) и се уште се надвор од контролата на режимот на Башар ал Асад, осум години по избувнувањето на војната

Во четвртокот вечерта Дамаск прогласи примирје на ова подрачје, по повеќе од три месеци речиси секојдневни бомбардирања со помош на рускиот сојузник, при што погинаа повеќе од 790 цивили, наведува Сириската опсерваторија за човекови права, а повеќе од 400.000 лица се раселени, покажуваат последните податоци на ОН.

Опсерваторијата вчера соопшти дека авионите на сирискоот и руското воздухопловство продолжиле со воздушните напади на повеќе градови и населби во регионот, па така и врз Хан Шејхун, на југот на Идлиб, и врз Латамна, на северот од Хама.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2019 11:34