Компанијата Фејсбук, која во своја сопственост ги има ВатсАп и Инстаграм, планира да ги промени имињата на популарните апликации во „WhatsApp From Facebook“ и „Instagram From Facebook“.

Ова е првпат наведените апликации да ги менуваат имињата.

Фејсбук го купи Инстаграм во 2012 година, а подоцна во 2014 и компанијата ВатсАп.

Тимовите кои работеле на овие апликации функционирале одделно од компанијата Фејсбук, но сопственикот Марк Закерберг одреден период се обидува името Фејсбук да го додаде во имињата на апликациите, а ќе се појавува и во самата апликација.

Измените нема да влијаат на функционирањето и изгледот, а во известувањето за јавноста се наведува дека Фејсбук сака да потенцира дека апликациите се негов производ.

Моментно се работи на тој проект и новите имиња ќе бидат наскоро видливи, а најголемата измена е во тоа што овие три апликации ќе ги соединат своите сервиси поврзани за испраќање пораки.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 10:44