Најмалку 34 лица се повредени кога автомобил бомба рано утринава експлоздира во западно предградие на Кабул, изјавија претставници на локалната власт, пренесува ДПА.
-Експлозијата се случи на влезот од полициска станица, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими.
Портпаролот на МИнистерството за здравство Вахидулах Мајар соопшти дека повредените се префрлени во градските болници.
Очевидци изјавуваат дека по експлозијата можеле да се слушнат истрели од огнено оружје.