Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ги посети градовите Дајтон, во Охајо, и Ел Пасо, во Тексас, во кои за време на викендот дојде до масовно пукање во кое загинаа 31 лице, јави ДПА.

Трамп со твит потврди дека ќе патува за Дајтон и Ел Пасо „ да се сретне со најодговорните, со луѓето кои го спроведуваат законот и со дел од сведоците на ова згрозувачко насилство“.

Трамп е изложен на жестоки напади за неговиот одговор на пукањата, во обраќањето пред нацијата во понеделникот. Место говорот да го искористи за воведување построги мерки за контрола на оружјето, тој се осврна на проблемите со менталното здравје и ги обвини видео игрите и социјалните медиуми за насилството.

Градоначалникот на Дејтон, демократот Нан Вајли, вели дека ќе го поздрави Трамп во нејзиниот службен градоначалнички кабинет, но додаде дека има намера да му каже „колку ќе биде беспомошен“ во решавањето на вооруженото насилство.

Градоначалникот на Ел Пасо, Ди Марго, исто така, рече дека ќе се сретне со Трамп „во неговиот кабинет“, како дел од неговата официјална должност, но рече дека ќе ги оспори сите „штетни и неточни изјави дадени за Ел Пасо“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 11:27