Хонг Конг се соочува со најголемата криза откако се врати под власта на Кина, во 1997 година, изјави денеска шефот на кинеската канцеларија за Хонг Конг и Макао, Занг Џиаоминг.

Како што пренесуваат британските медиуми, тој ова го изјавил на форум во Шензен, на кој присустувала и делегацијата на Хонг Конг во кинескиот Парламент.

Во Хонг Конг веќе подолго време се оддржуваат протести заради предлог законот за екстрадиција, со кој се овозможува на осомничените лица од Хонг Конг да им се суди во Кина.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 16:42