Едно шестгодишно дете било најдено мртво во неговиот училишен автобус во главниот град на Виетнам, Ханој, откако во него било оставено цели девет часа, соопшти денеска училиштето, пренесе ДПА.

Ле Хоанг Лонг, првооделенец во Интернационалното Гетавеј училиште, во Ханој, вчера попладне бил пронајден во бесвесна состојба во училишниот автобус, соопштија од училиштето.

Детето веднаш било пренесено во болница, но набрзо потоа починало, се додава во соопштението, што го пренесува ДПА.

Лонг во автобусот бил девет часа откако утрината не успеал да се симне со другите деца, а во текот на целиот ден надворешната температура во Ханој била над 30 степени Целзиусови, информира локалниот сајт Vnexpress.ol.

Учителките во школото изјавиле дека Лонг седел во последниот ред од училницата и не бил забележан дека пристигнал во школото.

Случајот предизвика остри реакции низ цел Виетнам, со осуда на училиштето за смртта на детето.

Полицијата ги истражува околностите за смртта на шестогишниот Лонг.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 16:51