Поради руското ембарго, воведено како одговор на европските санкции поради кризата во Украина, извозот на италијанските прехранбени производи за пет години забележал загуба од една милијарда долари, објави најголемиот земјоделско-прехранбен синдикат Колдирети.

Синдикатот ја објави таа бројка по повод пет годишнината од ембаргото кое рускиот претседател Владимир Путин го воведе на 7 август 2014 година и го продолжи до крајот на 2020 година.

– Тоа е неподнослива цена која ја плаќаат Италија и ЕУ, па затоа е важно да продолжиме со дијалогот, истакна Еторе Прандини, претседател на синдикатот Колдирети.

Освен директна, Италија трпи и индиректна штета поради се поголемиот број лажни производи кои немаат никаква врска со ознаката „Made in Italy“. На лажните производи, предупредува Прандини, се ставаат ознаки „Casa Italia“ и „Buona Italia“.

Лажни производи, според првиот синдикалец, не пристигнуваат само од Русија, туку и од земји кои не се погодени од ембарго, како Швајцарија, Белорусија, Аргентина или Бразил.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 16:56