На австрискиот пазар на труд недостасуваат 220.000 квалификувани работници, но недостигот се уште не се одразува на висината на заработувачката, укажува интернет страницата „СтепСтоун“.

Овој сајт ги анализирал огласите за работни места во 22 печатени медиума и на 21 агенција за вработување.

Посебно побарување за стручна работна сила постои во техничкиот и ИТ секторот.

Од јануари до јуни оваа година се барале 32.000 квалификувани работници, како и 30.000 ИТ експерти.

Исто така, и експерти во финансискиот сектор се „ретки“, бидејќи недостасуваат 23.000 работници.

И покрај недостигот на работна сила во техничкиот сектор, платата изнесува околу 45.000 евра годишно, што е очевидно под заработувачката во јавниот сектор и продажбата. Исто така, и на ИТ експертите не им се нудат големи приходи, околу 55.000 евра годишно, што е за речиси 11.000 евра помалку од вработените во финансискиот сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2019 09:42