Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека се надева на продолжување на преговорите меѓу САД и Северна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

-Ние се надеваме дека во следните недели ќе се вратиме на преговарачката маса, рече Помпео пред новинарите во Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.

„Планираме преговори во следните недели и очекуваме двата тима повторно да се состанат, рече тој.

Американскиот и севернокорејскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун на средбата од 30 јуни се договорија за продолжување на разговорите на официјалните претставници на двете земји, кои беа блокирани од неуспешниот самит во Ханој, во февруари годинава, потсетуваат агенциите.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2019 10:32