Најмалку 16 лица ги загубија животите во поплавите по обилните врнежи во западноиндиската држава Махараштра, а раселени се повеќе од 140.000 луѓе, соопштија денеска локалните власти.

Илјадници камиони се заробени на националниот автопат што ги поврзува Мумбај и Бангалор, бидејќи патиштата се поплавени на неколку места.

Метеоролозите најавија нови обилни врнежи од дожд во текот на следните три дена, поради што властите испратија повеќе тимови за спасување во загрозените области.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2019 10:33