За време на осумгодишниот конфликт во Сирија, повеќе од 100.000 луѓе се уапсени, киднапирани или исчезнати, соопшти потсекретарката на ОН за политички прашања Розмари Ди Карло, додавајќи дека за тоа во голема мерка е одговорна сириската влада.
Таа, исто така, ги повика завојуваните страни да го прифатат повикот на Советот за безбедност на ОН и да ги ослободат сите оние кои биле произволно приведени или уапсени, како и да им дадат на семејствата информации за своите најблиски, како што налага меѓународното право.
Ди Карло ја повтори поканата на генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш -ситуацијата во Сирија да биде разгледана од страна на Меѓународниот кривичен суд.