Берни Сандерс, претендентот за кандидат на Демократската партија за претседател на САД најави дека доколку влезе во белата куќа нема да крие информации за вонземјани.
Лобералниот американски сенатор Сандерс, кој се надева дека ќе ја освои номинацијата на демократите за претседателската трка, при гостувањето на подкастот на Џо Роган одговараше на бројни прашања за американската политика. Тој зборуваше и за идеите за реформа на здравствениот систем во САД, за кои беше обвинет од политичките противници дека сака да воведе социјализам.
На крајот на емисијата, Џо Роган го праша дали доколку како претседател на САД дознае нешто повеќе за НЛО, дали тоа би го споделил со јавноста, сандерс рече дека секако тоа би го направил, а на тоа би инсистирала и неговата сопруга.