Големи американски банки предадоа во американскиот Конгрес „илјадници страници документи поврзано со руски граѓани кои можеле да имаат деловни односи со Трамп, со негови роднини или компании“, јави денес „Волстрит Журнал“.

Весникот, повикувајќи се на свои извори, дознава дека станува збор за банките „Банк оф Америка“, „Ситигруп“, „Дојче банк“, „ЏејПи Мореган“ и „Велс Фарго“.

Две комисии на Претставничкиот дом, раководени од демократите, во април побараа од банките информација за паричните транскации на претседателот Доналд Трамп.

Раководителот на комисијата за разузнавање, Адам Шиф, изјави дека тој е заинтересиран за прашањето дали странски држави, вклучувајќи ја и Русија, се обиделе да влијаат врз Трамп, неговото семејство и тесниот круг на луѓе околу него.

Според „Њујорк Тајмс“, конгресмените, меѓудругото, побарале документи во однос на тоа дали се вршело перење на пари од Русија и од други земји во источна Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2019 10:51