Ѕвездата од среднобуџетните акциони филмови, Дени Трехо, кој најчесто го гледаме како негативец, стана херој во вистинскиот живот, откако спаси дете во смачкан автомобил по сообраќајка во квартот Силмар во Лос Анџелес, Калифорнија, САД.

Паниката кај момчето, па и кај глумецот била дотолку поголема, оти се работело за дете со попреченост. Но, актерот успешно се справил со ситуацијата и, додека спасувачите ја извлекувале бабата, тој го извадил детето и го оддалечил од местото.

Притоа, тој користел и психологија, за да ја намали паниката и стравот кај момчето.

– Детето паничеше. Јас реков „Добро, тогаш – да ги употребиме нашите супермоќи“. Па, почнав да вресам: „Супероќи!“, тој ми се придружи во викањето, објаснува глумецот. Така, успеал да го оддалечи момчето од местото на несреќата.

Истрагата сè уште е во тек, но Трехо како очевидец смета дека возачот на другиот автомобил минал на црвено.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2019 10:38