Северна Кореја утрово лансираше проектил, кој, според јужнокорејските власти, најверојатно е балистичка ракета со кус дострел.
Лансирањето на ракетата имало за цел да го провери капацитетот на новиот тип ракети со кус дострел, која Северна Кореја сама ја разви, како и заради искажување протест поради заедничките вежби на Вашингтон и Сел овој месец, се наведува во соопштението на претседателството на ЈУжна Кореја.
Јужнокорејската војска утрово соопшти дека Северна Кореја лансирала два неидентификувани проектили во морето, недалеку од својот источен брег. По испукувањето на ракетата, во Сеул е одржана средба на првите луѓе на разузнавачката и на безбедносната агенција, како и Министерството за одбрана.