Франција соопшти дека не и треба дозвола за да зборува за Иран, одговарајќи на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп.

Пред два дена, Трамп објави на Твитер дека луѓето кои посредуваат и тврдат дека ги претставуваат САД, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон, испраќаат „мешани сигнали“ до Иран.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан синоќа изјави дека Франција „зборува со целосен суверенитет“ и е посветена на ублажување на тензиите во регионот на Персискиот Залив.

„Франција е силно посветена на мирот и безбедноста во регионот и на ублажување на тензиите. На Франција не и треба дозвола за да го прави тоа“, се додава во соопштението од францускиот прв дипломат.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2019 11:57