Милион луѓе се евакуирани и откажани се стотици летови поради тајфунот, кој го погоди источниот дел на Кина.

Тајфунот Лекима рано изутрина ја погоди провинцијата Џејијанг, со налети на ветрот и до 187 километри на час. Силината на тајфунот е намалена, со оглед дека претходно беше најавуван како „супертајфун“, пренесува Ксинхуа. Бурата се движи кон северозапад и полека губи на јачина.

Во прекин е и железничкиот сообраќај.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2019 12:20