Иран денеска објави дека развил напреден локален ракетен одбранбен систем со дострел од 400 километри, наменет за одбрана од крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала.

Иранската државна телевизија покажа снимки од инсталации, возила и мобилни радари, велејќи дека станува збор за надградена верзија на системот „Гама“, за која експертите велат дека е направен врз основа на руски модел.

– Овој систем има големи можности и може да ги открие сите видови крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала, рече генералот Алиреза Сабахифард, командант на воздушната одбрана на иранските воздушни сили.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2019 13:25