Сателитски снимки од Белото Mоре на американската компанија „Планет“ во областа каде завчера се случи пожар и експлозија укажуваат дека инцидентот е поврзан со испитувања на ракета на двоен погон, со течно и нуклеарно гориво, кои се вршеле на руски воен брод.

На снимките се гледа дека во областа допловил транспортниот танкер „Серебрјанка“, специјализиран за евакуација и складирање на радиоактивен отпад. Ова синоќа на својот Твитер налог го потврди Џефри Луис, научен соработник во Мидлбери институт за меѓународни истражувања во Монтереј, САД.

-Присуството на бродот може да е поврзано со испитување на крилеста ракета на нуклеарен погон, тврди специјалистот.

Веднаш по експлозијата во регионот беше регистрирано зголемување на радиоактивниот фон.

Според него, после затворањето на базата во Пањково (архипелаг Нова Земја), Русија најверојатно изградила нејзина копија во реонот Њонокс во Близина на Северодвинск. Слична инсталација има и во Капустин Јар во Астраханска област каде најверојатно се прават тестрирања на ракети без нуклеарен погон, тврди специјалистот.

Укажува дека експлозијата е предизвикана од неуспешен тест на руска ракета на нуклеран погон и на течно гориво „9М730 Буревестник“, во НАТО позната под кодното име „СС-Ц-Х-9 Скајфол“. Според него, инсталациите на архипелагот се употребуваат за тестирања на вакви ракети.

Дека овде се вршат тестирања на ракети со нуклеарен погон претходно укажаа и од Федерацијата на американски научници, информативен проект за нуклеарно оружје.

После експлозијата се појавија инфомации дека во реонот на Северодвинск, населено место во близина на воената инсталација, се зголемило радиоактивното зрачење. Но локалните власти тврдат дека во моментов радиоактивиот фон е во нормала.

Руското министерство за одбрана не изнесе никакви детали за инцидентот.

Во близна на Северодвинск се наоѓа 45-от државен централен морски истражувачки полигон на Воено-морската флота на Русија. Имаше укажувања и дека дека таму можело да се прават тестирања на мобилната стартна платформа за суперсоничната ракета „Циркон“.

Петмина вработени во руската државна корпорација Росатом загинаа, а тројца се повредени во несреќата на полигонот за воена обука во регионот Архангелск во северна Русија, кога пред два дена, при тестирање на млазен мотор дојде до експлозија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2019 17:54