[photo[

Поротата во судот во Кливленд одреди 50 милиони долари отштета за човекот кој тврди дека полицајци го тепале додека бил врзан со лисици и дека го заклучиле во магацин, каде бил задржан без храна и вода четири дена и без тоалет.

Поротата му додели на 52-годишниот Арнолд Блек, кој го тужеше Источен Кливленд и полицијата, 20 милиони долари обештетување и 30 милиони долари казнена отштета.

Првично, во јуни 2016 година, друго порота на округот Кајахога му додели на Блек 22 милиони американски долари по тридневното судење во кое Источен Кливленд немаше бранител. Градот тогаш поднесе жалба, па случајот беше вратен на Основниот суд на округот Кајхагога на повторно судење, каде беше изречена значително повисока отштета.


САД: 50 милиони долари отштета поради полициска бруталност

Блек беше уапсен во април 2012 година, откако детектив во Источен Кливленд побарал од униформиран полицаец да го запре неговиот камион под сомнение дека внатре се наоѓа големо количество кокаин. Според тужбата, детективот Ренди Хикс почнал да го удира Блек во лице и глава бидејќи не пронашол друга, а униформираниот полицаец го држел осомничениот криминалец.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2019 10:46