Економските штети нанесени врз инфраструктурата на 24 американски држави од бури и поплави во првата половина од оваа година, се проценети на 1,2 ммилијарди долари.
Според американски медиуми кои направиле таква анализа врз основа на официјални податоци, се штети врз патишта, мостови, компании за јавни услуги, државни згради и јавни паркови. Таа сума може да се зголеми во блиска иднина бидејќи голем број држави не објавиле конечни суми за штетите.
Федералната влада презеде обврска да обезбеди финансиска помош за штетите, нагласуваат американски медиуми.