Осум лица се убиени, а тројца повредени синоќа при напад од вооружена група во сала за билјард во мексиканскиот град Ирапуато во областа Гуанахуато.

Непознатите напаѓачи влегле во објектот и отвориле оган врз луѓето внатре. Само на неколку метри од местото на нападот се наоѓа локалната единица на Министерството за јавна безбедност во Ирапуато.

Неколку часови пред овој инцидент, други шест лица биле убиени во градот Јури, исто така во областа Гуанахуато. Криминална група се судрила со Националната гарда на Мексико, при што загинале петмина криминалци и еден припадник на обезбедување.

Во последните години Мексико е зафатен од бран на насилство, предизвикано најмногу од конфронтацијата меѓу нарко-картелите за контрола на шверцот на кокаин до САД. Минатата година во Мексико биле регистрирани рекорден број убиства, над 33,34 илјади.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2019 10:38