Најмалку пет деца загинаа, а едно лице е повредено во пожар кој избил во ноќна градинка во градот Ири во Пенсилванија.

Пожарот е пријавен во 01:15 часот наутро, а според полицијата децата биле на возраст од осум месеци до седум години.

Пожарот избил на првиот спрат од објектот, па две момчиња на возраст од 12 и 17 години се спасиле скокајќи преку прозорец. Пожарникарите успеале да спасат седум лица.

Моментно се работи на утврдување дали некоја од жртвите престојувала во дневниот центар. Жената која е повредена во пожарот е сопственичка на градинката.

Шеф на пожарникарската служба истакна дека инспекторите сметаат оти пожарот почнал во дневна соба на првиот спрат и потоа брзо се проширил.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2019 10:47