Лана дел Реј ја претстави својата нова песна „Looking for America“, којашто всушност, е одговор на нападите со огнено оружје кои минатиот викенд се случиле во САД.

– Јас не сум политичарка, не се обидувам да бидам и се извинувам што имам свое мислење, но во светлото на сите напади деновиве и оние изминатиов период што на мене доста влијаеја, ја објавувам оваа песна… Се надевам дека ќе ви се допадне, напиша пејачката на Инстаграм каде што и го објави видеото со новата песна.

На снимката, додека нејзиниот продуцент Џек Антоноф свири гитара, таа вели дека сѐ уште трага по „својата Америка“… „Онаа во која нема пиштоли и знаињата слободно се вејат… Онаа во којашто наместо бомби, има само огномет, ти и јас”, како што порачува во стиховите.

Минатиот викенд во САД се случија два напада со огнено оружје во коишто загинаа 31 лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2019 12:12