Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел зборуваше за нападите на навивачите на францускиот шампион врз ѕвездата на тимот – Нејмар. Тој призна дека го разбирал нивниот гнев.

Потсетуваме дека 27-годишниот напаѓач беше оставен надвор од составот за почетокот на сезоната во Лига 1.

– Сложено е. Не знам што да кажам. Видов што се случи на телефон на колега затоа што за време на натпреварот не слушнав што се пее. Може ли да ги разберам? И да, и не. Тој сè уште е наш играч. Мој играч. И јас ги бранам моите играчи. Тој е во мојата соблекувална. Јас разбирам дека не секој го сака она што го прави и зборува. Тој секогаш ќе недостасува, бидејќи може да пронајде решенија, за кои само тој е способен“, призна Тухел. .

Инаку ПСЖ започна со победа од 3:0 во Лига 1 против Нимс. Единсон Кавани отвори од пенал во првото полувреме, а Мбапе и Ди Марија го оформија конечниот резултат во второто полувреме.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2019 23:34