Трговската конфронтација помеѓу Вашингтон и Пекинг може да предизвика рецесија на економијата во САД, заклучија аналитичари од најголемата банка во светот, „Голдман Сакс“, јави денеска „Блумберг“.

Како што се вели во анализата на финасиската организација, американските и кинеските власти нема да можат да склучат трговска зделка до изборите во САД идната година, а причина за тоа се заканите на Вашингтон за воведување нови царини како одговор на возвратните мерки на Пекинг.

Поради тоа, експертите од „Голдман Сакс“ прогнозираат дека растот на БДП на САД во четвртиот квартал на 2019 година ќе се намали за 0.2 процентни поени или до 1.8 отсто.

-Стравувањата за тоа дека трговската војна ќе послужи како иницијална каписла за рецесија се зголемуваат, се вели во анализата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2019 10:03