Експерти на ООН соопштија дека истражуваат најмалку 35 случаи во 17 земји поврзани со кибер напади со кои Северна Кореја нелегално добила средства за нејзината нуклеарна програма.

Според извештајот на ОН, експертите на ООН исто така повикале на казни за бродовите што кршеле санкции против Пјонгјанг со снабдување на Северна Кореја со нафта и гас.

Во извештајот се вели дека најголем број на кибер напади биле насочени против соседна Јужна Кореја – 10, по што следат Индија со три и Бангладеш и Чиле со по два напада.

Други земји нападнати од Северна Кореја по еднаш за да се соберат средства незаконски се Костарика, Гамбија, Гватемала, Кувајт, Либерија, Малезија, Малта, Нигерија, Полска, Словенија, Тунис и Виетнам.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2019 10:05