Фудбалерот од средниот ред Иван Перишиќ и официјално е нов член на Баерн Минхен.

Германскиот клуб го изнајми 30-годишниот Хрват со опција да го купи во трансфер прозорецот летото 2020 година, објавено е на официјалната веб-страница на тимот од Минхен.

Претходно се појавија информации дека тимот од Минхен ќе плати пет милиони евра за годишно изнајмување на играчот од средниот ред. По една година Баерн ќе им плати на „неро-азурите“ уште 20 милиони.

Минатата сезона, Перишиќ настапи на 45 натпревари за Интер, постигна девет гола и забележа четири асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2019 13:29