Повеќето Британци се со став дека премиерот Борис Џонсон треба да ја изведе Велика Британија од ЕУ „со сите средства“. Тоа се резултати од анкета за Дејли телеграф.

Педесет и четири отсто од анкетираните велат дека се согласни со тврдењето дека „Џонсон треба да обезбеди брегзит со сите средства, вклучително да повтори седница на Парламентот ако е неопходно за да не дозволи пратениците да го спречат“.

Четириесет и шет отсто не се согласуваат со тоа.

Биле анкетирани 1.645 луѓе и од резултатите се исклучени лица кои немале став за прашањето. Во анкетата поддршката на Конзервативната партија е зголемена за шест отсто на 31 отсто, а 27 отсто ја поддржуваа опозициската Лабуристичка партија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2019 15:47