Ловец „Ф-18“ на силите на НАТО над неутралните води на Балтичко море се обидел да му се приближи на авионот со кој патувал рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, но бил спречен од руски ловец „Сухој 27“.

Авионот во кој се наоѓал Шојгу летал од Калининград за Москва во придружба на два ловци „Су-27“

Дописникот на агенцијата Тасс, кој се наоѓал во авионот на рускиот министер за одбрана, јавил дека руските борбени авиони го присилиле „Ф-18“ да се одалечи.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2019 21:02