Велшкото крило на Реал Мадрид, Герет Бејл донел решение за својата иднина откако не планира да ги напушти „белите“, пишува „АС“.

Според изворот, фудбалерот смета дека Зидан нема да биде на кормилото на „белиот балет“ долго време, па решил да го надмине овој тежок момент за себе и да почека нов тренер да му даде повеќе време за играње.

Сепак, ако Зидан ја задржи подолго позицијата, тој ќе побара да го напушти тимот во зима. Неговиот договор е до 2022 година.

Репрезентативецот на Велс беше многу блиску до трансфер во Џиангсу Сунинг, но тој не успеа во последната минута.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 09:56