Кина го одби барањето два воени брода на американската морнарица да го посетат Хонг Конг следните недели, изјавија неименувани американски претставници.

Тие наведоа дека бродот “Грин беј“ побарал дозвола кон крајот на месецот да се закотви во Хонг Конг, додека крстосувачкиот брод „Лејк Ири“ побара одобрение за во септември.

Кинеските влксти не ја образложиле својата одлука, но тоа не е без преседан. Кина слично барање одби во септември 2018 година.

Политичката криза во Хонг Конг, кој е под кинеска управа се продлабочува, а демонстрантите и полицијата синоќа се судрија на аеродромот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 10:41