Гласањето за недоверба на италијанската Влада на премиерот Џузепе Конте закажано е за 20 август, одлучи Парламентот.

Датумот за гласање е договорен помеѓу претставниците на сите парламентарни партии, освен владејачката Лига, Форца Италија на Силвио Берлускони и Италијански браќа кои бараа гласањето да биде денеска со цел да се забрза процесот кој води кон нови избори.

Кризата на италијанската политичка сцена беше иницирана од министерот за внатрешни работи и лидер на Лига, Матео Салвини, кој минатата недела побара предвремени парламентарни избори, истакнувајќи дека владејачкото мнозинство во Движењето Пет ѕвезди не постои повеќе. Неговото барање уследи по несогласувањата со Движењето Пет ѕвезди за прашањата за миграцијата и за буџетот.

Претседателот на Италија, Серџо Матарела е единствен кој има ингеренции да го распушти Парламентот и доколку на Владата и биде изгласана недоверба ќе мора да закаже избори најрано во октомври или да постави нова Влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 11:12